Вчеравечер на спортскиот центар Влатко Петров во Чардаклија се одигра вториот натпреварувачки ден од меморијалниот турнир Влатко Петров. Интересни, возбудливи натпревари со многу голови.
Во терминот од 20:30 силите ги спортиставија екипите на Драгеви и Матива. На натпреварот беа постигнати 9 голови, а трите бода ги однесе екипата на Драгеви која беше поуспешна од екипата на Матива и славеше со резултат од 6 : 3 .
Во вториот термин кој се одигра од 21:30, Драгеви повторно беа убедливи против екипата на Такси DeLux и со тоа најавија дека имаат сили и намери за висок пласман и дека ке атакуваат за највисоките позиции. Натпреварот заврши со резултат 10:3 за екипата на Драгеви.
Во последниот термин од 22:30 се сретнаа екипите на Динамо Штип и Бако Транс. Публуиката беше сведок на еден доста интересен и возбудлив натпревар кој изобилуваше со многу добра игра и погодоци. Овде поуспешна беше екипата на Динамо Штип и со победа од 9:5 ги запиша првите три бода.
Вечер пак на третиот натпреварувачки ден на распоредот има 4 возбудливи натпревари :
20:00 Agro Smart - Електро ДМ
20:50 Оптимус - Електро ДМ
21:40 Вергови - Перо и Тајфата
22:30 Матива - Техногума