Вчеравечер на меморијалниот турнир во мал фудбал Влатко Петров во Чардаклија ги добивме првите две 1/4 финалисти од групата Б.
Радање со максимални 12 бодови е прв во својата група, а веднаш зад него е екипата на Браварска работилница Сашо ГИС Скопје со освоени 9 бодови.
Вчера се одиграа 4 натпревари.
Во првиот термин од 20:00 часот силите ги одмерија екипите на AgroSmart и Динамо Штип. Една убедлива победа на екипата на AgroSmart над екипата на Динамо со резултат од 8:2. Со тоа продолжуваат сигурно и ги запишаа и вторите 3 бода, па така сега имаат 6 и се на чекор до заверка на позиција која води во нокаут фазата.
Вториот натпревар одигран од 20:50 заврши со многу погодоци и една од најубедливите победи досега на турнирот. Екипата на Браварска работилница Сашо ГИС Скопје ја декласираше екипата на Колев Polish&Shine со резултат од 13:4. Со тоа екипата на Браварска работилница Сашо ГИС Скопје беше на чекор од 1/4 финале со освоени 9 бодови.
Од 21:40 се одигра третиот натпревар кој важеше за дерби во групата Б. Силите ги одмерија екипите на Браварска работилница Сашо ГИС Скопје и Радање, каде далеку поуспешна и убедлива беше екипата на Радање и извојува сигурна и убедлива победа со резултат 11:3. Така Радање се израмни на врвот со освоени 9 бодови.
Последниот натпревар вчеравечер ни ги даде и првите 2 екипи кои официјално заверија настап во 1/4 финалето. Силите ги одмерија екипите на Зелен Сигнал и Радање. Екипата на Радање продолжи сигурно и убедливо и со победа од 7:3 се зацврсти на првата позиција со освоени максимални 12 бодови. Така стана јасно дека другиот патник во 1/4 финалето од групата Б ќе биде екипата на Браварска работилница Сашо ГИС Скопје.
Вечерва на распоредот се 3 натпревари :
20:30 Пиљара Fresh Fruit - Перо и Тајфата
21:30 Оптимус - Динамо Штип
22:30 Техногума - Такси DeLux