Вчеравечер продолжија натпреварите од групната фаза во меморијалниот турнир во мал фудбал во Чардаклија.
Беа одиграни три натпревари од групната фаза на кои беа постигнати 23 погодоци.
Во првиот термин се сретнаа екипите на Пиљара Fresh Fruit и Перо и Тајфата. Екипата на Пиљара Fresh Fruit славеше со победа од 6:4 и после три одиграни натпревари е прва во групата А со освоени максимални 9 бодови.
Во вториот натпревар силите ги одмерија екипите на Оптимус и Динамо Штип. Едно супериорно издание на екипата на Динамо Штип кои сигурно и убедливо ги запишаа своите нови 3 бода и со моментални 6 бодови во групата В со реални шанси сами ќе си ја решаваат својата судбина за место кое води до 1/4 финале.
Последниот натпревар одигран помеѓу екипите на Техногума и Такси DeLux, изобилуваше со голем фудбалски жар и прилична нервоза од двете страни. Овој натпревар може да се покаже и како клучен за патниците од оваа група во 1/4 финалето. Натпреварот заврши нерешено со резултат 2:2 на разочарување на двете екипи. Ова отвара шанса за екипата на Dzudzu Farm да се приклучи кон врвот после лошиот старт во првите два натпревара.
Денес на распоредот се два натпревари :
(иако на распоредот беа предвидени три натпревари, поради откашувањето на Ролотренд ќе се одиграат два)
20:30 AgroSmart - Оптимус
21:30 Чардаклија - Перо и Тајфата
Ве очекуваме.