На четвртиот ден од меморијалниот турнир Влатко Петров, се одгираа 3 натпревари.
Во почетниот термин од 19:30 се сретнаа екипите на КПД Штип и Анба Компани. Натпреварот го доби екипата на КПД Штип со резултат 4:2 , која остана посмирена во еден доста динамичен и вжештен натпревар.
Анба Компани - КПД Штип 2:4
Потоа во терминот од 20:30 следуваше пауза, бидејки требаше да се сретнат екипите на ЛАС Петрол и Хорти Ристови, но поради откажувањето на Хорти Ристови екипата на ЛАС Петрол ги доби службено трите бода.
ЛАС Петрол - Хорти Ристови 3:0 (службен резултат)
Во третиот натпревар од 21:30 се сретнаа екипите на Кеги Моби и ТАС Комерц. Силите во првиот дел беa изнедначени, но потоа Кеги Моби ја покажа целата своја сила и убедливо го доби натпреварот со резултат 8:2. Петар Левков постигна 4 гола и се вклучи во трката за најдобар стрелец.
Екипата Кеги Моби
Во последниот натпревар од 22:30 за првата своја утакмица ја одиграа екипите на Динамо Штип и Шатка Маркет Амзебегово. И овој натпревар беше доста ефикасен и се постигнаа 8 погодоци. Поуспешна беше екипата на Шатка Маркет Амзебегово која го доби натпреварот со резултат 6:2 и ги запиша своите први три бода.
Динамо Штип своите први три бода ке мора да ги бара во наредните натпревари.