Продолжуваат фудбалските битки на меморијалниот турнир Влатко Петров во спортскиот центар во Чардаклија. Почнува да се одлучуваат патниците во 1/4 финалето. Секоја екипа сака да си завери место кое води во нокаут фазата па така натпреварите стануваат се понеизвесни, со многу жар и фудбалска борба. Вчера се одиграа три натпревари од распоредот по групна фаза.
Отворија во 21:00 екипите на Кеги Моби и Гостилница Грош/Були. Доста борбен натпревар кој беше од големо значење на двете екипи. Поуспешна сепак беше екипата на Гостилница Грош/Були која со третата победа и со 9 бода го завери учеството во 1/4 финалните натпревари и релаксирано да го чека последниот натпревар против Архи Декор-Пласт Велес. Кеги Моби со поразот си ја закомпликува ситуацијата и сега е зависна од исходот на останатите натпревари во групната фаза.
21:00 Кеги Моби - Гостилница Грош/Були 2:3
Во терминот од 21:40 требаше да се сретнат екипите Бако Транс и Динамо Штип. Овој натпревар не се одигра бидејки екипата на Динамо Штип не се појави на теренот и со тоа Бако Транс службено ја освоија првата победа и ги запишаа првите три бода.
21:40 Динамо Штип - Бако Транс 0:3 (сл.резултат)
Во последниот натпревар кој беше закажан од 22:30 се сретнаа екипите на Ролотренд и Техногума. Натпревар кој изобилуваше со ефикасна игра. Иако екипата на Техногума имаше предност од 4:0 на крајот сепак бодовите беа поделени. Натпреварот заврши со резултат од 4:4. Техногума испушти голема шанса да го завери уште вчера местото во 1/4 финалните натпреви, но е во најдобра позиција тоа да го направи бидејки е водечка екипа во нивната група со освоени 7 бодови.
22:30 Ролотренд - Техногума 4:4