Продолжуваат возбудувањата во Чардаклија на спортскиот терен Влатко Петров. Вчера се играа натпревари од групата А.
Во 20:30 се играше ревијален натпревар, настапија најмалите, кои беа пресреќни што почуствуваа и беа дел од овогодинешното издание на меморијалниот турнир. Се надеваме дека во иднина дел од нив ке бидат и официјални учесници кои коректно и со фер игра ке атакуваат и да го освојат турнурот.
Во терминот од 21:30 требаше да се сретнат екипите на Радање и Динамо Штип, но екипата на Динамо Штип повторно немаше храброст да се појави на теренот и да се соочи во една фудбалска пресметка со еден од фаворитите на групата и воопшто на турнирот. Радање така ги освои трите бода и ја забележа четвртата победа што во тој момент со освоени 12 бодови значеше и прва позиција на табелата.
21:30 Радање - Динамо Штип 3:0 (сл. резултат)
Во терминот од 22:30 се одигра дербито во групата помегу водечките екипи Радање и Dzurdzu Farm. Иако екипата на Радање важеше за благ фаворит, екипата на Dzurdzu Farm не мислеше така, па со една феномнална партија од нивна страна на крајот се радуваа на една минимална, но многу важна победа со резултат од 2:1. Dzurdzu Farm можеа и до победа со поголема разлика, на два пати ја погодија рамката на голот и имаа прекрасни шанси, но расположениот и одличен голман Ивица Божиновски (Радање) со една маестрална партија и неверојатни одбрани се погрижи да не дојде до тоа.
По победата екипата на Dzurdzu Farm после одиграни 4 натпревари се вратија на првата позиција на групата и ке го чекаат последниот натпревар против екипата на Шатка Маркет Амзебегово.
22:30 Радање - Dzurdzu Farm 1:2