На вчерашниот натпреварувачки ден се одиграа првите две 1/4 финалиња. Натпревари полни со тензија, неизвесност, спортски жар како што и доликува за 1/4 финале.
Во првиот натпревар од 20:00 се сретнаа екипите на Радање и Гостилница Грош/Були. Екипата на Радање дојде до рано водство и водеше до последната минута од натпреварот кога екипата на Гостилница Грош/Були со еден удар од дистанца го совлада одличниот голман Ивица Божиновски кој до тој момент имаше неверојатни одбрани. Па така со резултат од 1:1 се заврши натпреварот и се помина во пенал рулет. Во пенал рулетот посмирени и успешни по 7 изведени удари беше екипата на Гостилница Грош/Були и со резултат 7:6, обезбеди учество во 1/2 финалето.
Во вториот 1/4 финален натпревар од 21:00 се сретнаа екипите на Техногума и Анба Компани. Во овој натпревар целосна доминација и контрола имаше екипата на Техногума која не даде ни најмала шанса на противничката екипа и со убедлив резултат од 10:1 го завери местото во полуфиналето.
Вечерва продолжуваат возбудувањата со останатите два 1/4 финални натпревари.
20:30 Dzurdzu Farm Чардаклија - Архи Декор-Пласт Велес
21:30 КПД Штип - Ролотренд Караорман