Вчера се одиграа полуфинаните натпревари од меморијалниот турнир во мал фудбал Влатко Петров на спортскиот терен во Чардаклија.
Во првото полуфинале од 20:30 се сретнаа ланскиот шампион, екипата Архи Декор-Пласт Велес и екипата на Техногума. Тесен натпревар полн со надигрувања кој заврши со нерешен резултат 1:1.
Потоа во пенал рулетот поуспешна и по сконцетрирана беше екипата на Техногума која по 3 изведени пенали се пласираше во финалето со 3:2. Така овогодишното издание на меморијалниот турнир Влатко Петров ќе има нов шампион кој ке биде одлучен во Среда - 02.08.2023 во 21:30.
20:30 Архи Декор-Пласт Велес - Техногума 1:1 (2:3 пенали)
Во второто полуфинале од 21:30 се сретнаа екипите на Гостилница Грош/Були и КПД Штип. Уште еден интересен и неизвесен натпревар кој исто заврши со резултат 1:1. Потоа се отиде кон изведување на пенали каде екипата на Гостилница Грош/Були беше поуспешна и со резултат 5:4 го завери своето учество во големото финале и закажа средба со екипата на Техногума.
Ке бидеме сведоци на едно доста интересно финале полно со интересни моменти .
21:30 Гостилница Грош/Були - КПД Штип 1:1 (5:4 пенали)
Во среда на ден Илинден е последниот натпреварувачки ден.
Ке се одиграат натпреварите за 3то место и финалето.
20:00 Натпревар за 3то место :
КПД Штип - Архи Декор-Пласт Велес
20:50 Откривање спомен обележје на биста во чест на Македонскиот син и бранител Влатко Петров
21:30 ФИНАЛЕ
Гостилница Грош/Були - Техногума
Ве очекуваме.