Вчеравечер на спортскиот терен Влатко Петров во Чардаклија по 24 ти пат беше отворен меморијалниот турнир во чест на нашиот македонски син и херој Влатко.
Од година во година турнирот прераснува во еден од најдобрите, најсилните и најорганизираните турнири на територија на Република Македонија.
Почит дадоа многубројната публика која беше сведок на почетокот на уште едно успешно издание на турнирот каде учество зедоа 20 екипи и ке се борат за негово освојување.
Освен многубројната публика, турнирот беше отворен во присуство и на преставници од општината како и Градоначалникот на Општина Штип, г-дин Иван Јорданов кој секогаш се става на располагање за подобро организирање на турнирот.
Се одиграа два натпревари.
Отвори домакинот Чардаклија против екипата на Пиљара Fresh Fruit.
Поуспешни убедливо беше екипата на Пиљара Fresh Fruit која иако на почетокот имаше негатива од 2:0 на крајот испадна убедлив победник со конечен резултат од 5:10. Со тоа екипата на Пиљара Fresh Fruit ги забележа своите први 3 бода, додека екипата на Чардаклија бодови ќе бара во наредните натпревари.
Во вториот натпревар силите ги одмерија екипите на Колев Polish&Shine и Зелен Сигнал. Една перфектна партија имаше екипата на Зелен Сигнал кои супериорно со резултат од 2:13 извојуваа победа над екипата на Колев Polish&Shine.
Вечерва во распоредот се предвидени три натпревари :
20:30 Драгеви - Матива
21:30 Драгеви - Такси DeLux
22:00 Динамо Штип - Бако Транс
Не се сомневаме дека ке имаме одлични и возбудливи натпревари. Ве покануваме заедно да ги проследиме.