Полека се одигруваат и комплетираат натпреварите од групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал Влатко Петров во Чардаклија. Вчеравечер се одиграа 4 натпревари каде добивме нов 1/4 финалист - екипата на Драгеви.
Во првиот натпревар одигран во 20:00 се сретнаа екипите на Agro Smart и Бако Транс. Agro Smart ја оправда фаворитската улога и со победа од резултат 7:5 го завери првото место во групата В со максимални 12 бодови. Заедно со екипата на Електро ДМ се патниците во 1/4 финалето од оваа група.
Во вториот натпревар одигран од 20:50 се сретнаа екипите на Dzurdzu Farm и Матива. Овде поуспешна беше екипата на Матива која со резултат од 4:1 ги сруши надежите на Dzurdzu Farm и фати приклучок и реална шанса да обезбеди место кои води во нокаут фазата.
Третиот натпревар беше помегу екипите на Драгеви и Dzurdzu Farm, каде екипата на Драгеви без милост го декласираше својот противник со резултат 10:1. Така Драгеви со 9 бодови во тој момент беше сигурен патник во 1/4 финалните натпревари.
Во 22:30 се одигра и последниот натпревар помегу екипите на Техногума и Драгеви. И овде екипата на Драгеви беше поуспешна со резултат 5:3 и така со максимални 12 бодови се зацврсти на првото место во групата Г. Овде во оваа група само екипата на Драгеви е сигурен патник во нокаут фазата а вториот патник ке бидат познат во Сабота после натпреварот помегу екипите на Матива и Такси DeLux.
Моментално на втората позиција е екипата на Техногума со 5 бодови, потоа следи Матива со 4 бодови и Такси DeLux со 2 бода.
Вечерва е слободен ден на меморијалниот турнир Влатко Петров и со останатите натпревари од групната фаза продолжуваме во Петок со три натпревари.