Завршија сите 1/4 финални натпревари на меморијалниот турнир во мал фудбал Влатко Петров во Чардаклија. По вчерашните два натпревари се комплетираше и второто 1/2 финале. Во него силите ќе ги одмерат екипите на Електро ДМ и Радање.
Во терминот од 20:30 се одигра натпреварот од 1/4 финале помегу екипите на Електро Дм и Вистони ЖП Босилово. Електро ДМ ја покажа сета својата сила и доминација и славеше на натпреварот со резултат 6:2. Така обезбеди место мегу најдобрите 4 екипи на овогодинешното издание на турнирот и го чекаше својот противник во 1/2 финалето.
Последното 1/4 финале беше резервирано за екипите на Радање и Матива. Натпревар како што доликува за едно 1/4 финале со висока реализација и прекрасна игра. Натпреварот на крај заврши со убедлива победа на екипата на Радање над Матива со резултат 8:3.
Така си го резервираа последното место во 1/2 финалето каде ќе се сретнат со екипата на Електро ДМ.
Вечерва на распоредот се двата натпревари од 1/2 финалето.
20:30 AgroSmart - Драгеви
21:30 Електро ДМ - Радање
Ве очекуваме.