
Почитувани,
По јубилеен 25ти пат, Здружението на граѓани Влатко Петров Штип ви го најавува најдобриот, најголемиот и најорганизираниот турнир во мал фудбал Влатко Петров 2025. Во чест на нашиот другар, сограганин и Македонски бранител Влатко Петров, секоја година традиционално во негова чест и спомен се одржува турнир во мал фудбал каде учество земаат екипи од цела Македонија.
Оваа година организаторот најавува досега најголеми награди и најдобри услови за сите учесници на турнирот.
Награден Фонд : 350 000 денари
Награди :
I место - 180 000 денари
II место - 100 000 денари
III место - 50 000 денари
IV место - 10 000 денари
Исто така индивидуални награди :
Најдобар Голман - 5 000 денари
Најдобар Стрелец - 5 000 денари
Котизација за учество : 3 000 денари.
Ве покануваме да бидете дел од овогодинешното јубилејно 25 издание на Меморијалниот турнир Влатко Петров 2025.
Ве очекуваме