Шамион на 25-то издание на ВЛАТКО ПЕТРОВ е екипата на АГРОСМАРТ која во синоќешното финале во тензичен и тежок натпревар ја победи екипата на Le Mans со резулат 9:3, резултат кој не говори за реалните случувања на теренот.
Ова е прва титула на Агросмарт на ВЛАТКО ПЕТРОВ турнирот, но сме сигурни дека нема да биде и последна имајќи го во предвид амбициозниот проект на спонзорот на екипата Dimitar Taskov .
Овој успех на екипата на Агросмарт е само потврда за она што во неколку постови претходно го објавивме дека станува збор за исклучително организирана екипа која игра фуриозно и моќно на повеќе фронтови.
Третото место припадна на екипата на Штерјов Credy која во малото финале ја совлада екипата на БР Сашо ГИС со резултат 5:1.
Индивидуални награди:
Играч на турнирот – Мики Митров
Најдобар голман – Иван Стојановски Шваба
Најдобар стрелец – Тале Трајковски
И дополнително воведената награда од организаторот – награда за фер -плеј припадна кај екипата на Благица Kithen
Како организационен одбор се извинуваме доколку имаше одредени пропусти иако тежнеевме се да биде совршено и максимално регуларно.
Благодарност до сите екипи без исклучок кои беа учесници на турнирот.
За догодина најавуваме уште посилна организација во подобар амбиет за игра со изградбата на трибината која што веќе е договорена и со која ќе се заокружи една целина.