Продолжуваат натпреварите од групната фаза на спортскиот центар Влатко Петров во Чардаклија. Вчера се одиграа четири натпревари кои изобилуваа со ефективна и атрактивна игра.
Во 19:30 отворија екипите на Dzurdzu Farm и Динамо Штип. Натпревар со многу погодоци каде екипата на Dzurdzu Farm рутински ја забележа својата втора победа и продолжи со убедливата игра. Натпреварот заврши со резултат 8:1, каде Иса Дурмишов повторно имаше магична вечер и постигна 4 погодоци и со вкупно 8 погодоци е водечки во трката за најдобар стрелец.
19:30 Dzurdzu Farm - Динамо Штип 8:1
Во вториот натпревар од 20:30 се сретнаа екипите на ЛАС Петрол и Ролотренд. Уште еден доста интересен натпревар каде Ролотренд ги забележа првите 3 бода со победа со резултат 1:4. Со тоа после првиот пораз се вратија во конкуренција за местата кои водат во нокаут фазата.
20:30 Ролотренд - ЛАС Петрол 4:1
Во натпреварот од 21:30 екипата на ТАС Комерц ја забележа својата прва победа над екипата Колегите на Влатко. Со ова групата В останува отворена и многу интересна за позициите кои водат во нокаут фазата.
21:30 ТАС Комерц - Колегите на Влатко 5:3
Во последниот натпревар кој се одигра од 22:30 силите ги спротиставија екипите на Матива и Техногума. Во еден многу неизвесен натпревар на крајот се радуваше екипата на Техногума. Си минимална но вредна победа од 1:2 екипата на Техногума го завзема првото место во групата Б со 6 бодови. Веднаш потоа ги следат и останатите екипи кои имаат по 3 бодови. Ова наговестува интересна борба во натпреварите што следат.
22:30 Матива - Техногума 1:2