На вчерашниот натпреварувачки ден од меморијалниот турнир во мал фудбал Влатко Петров се одиграа три натпревари. Еден беше од пријателски карактер а останатите беа натпревари од групната фаза. Бевме сведоци на интересна и доста ефикасна игра.
Во првиот термин од 20:30 се одигра ревијален натпревар помегу екипите на СВР Штип и поранешни учесници низ годините на турнирот. Натпреварот помина во пријателско расположение и беше доста ефикасен каде беа постигнати дури 12 погодоци и заврши со резултат 6:6.
Во терминот од 21:30 се сретнаа екипите на Радање и Шатка Маркет Амзебегово. Ова беше првиот натпревар на екипата на Радање и со прикажаната игра најави борба за највисоките позиции. Натпреварот заврши со победа на екипата на Радање со резултат од 3:1 над екипата на Шатка Маркет Амзебегово.
Во последниот натпревар од 22:30 повторно играше екипата на Радање, сега против екипата на Бако Транс. Еден доста ефикасен натпревар со постигнати 8 погодоци. И во овој натпревар екипата на Радање беше поуспешна и извојува уште една победа со резултат 5:3. Со тоа Радање со освоени 6 бода им се приклучи на врвот на екипата на Dzurdzu Farm и спокојно ќе ги чекаат останатите натпревари.