Вчера беше финалната вечер од овогодинешното 23то издание на меморијалниот турнир Влатко Петров. Спортскиот терен во Чардаклија беше претесен за сите љубители на спортот. Вечер исполнета со активности и прекрасни спортски моменти.
Во 20:00 се одигра натпреварот за третото место каде силите ги одмерија екипите на Архи Декор-Пласт Велес и КПД Штип. Тотална доминација на екипата на Архи Декор-Пласт Велес која со убедлив резултат од 7:2 го освои третото место оваа година.
Потоа следуваше отварање на спомен обележје-биста на нашиот јунак Влатко, почестена од побеќе делегации кои дојдоа да изразат почит кон неговата жртва и дело.
Еден убав настан кој ке остане запаметен и ке биде мотив во иднина уште повеќе да се почитува неговото дело и да не биде заборавено.
Во 21:30 се одигра и финалниот натпревар во една магична атмосфера. Натпреварот беше отворен со интонирање на Македонската Химна, проследено со поддршка од навивачката група Фаланга Штип која се погрижи финалниот натпревар да биде отворен со стил и запаметен како никогаш досега.
Во еден доста изедначен натпревар први поведоа екипата на Гостилница Грош Були и со резултат 1:0 се отиде на пауза.
Во вториот дел притисна екипата на Техногума и дојде до посакуваниот погодок за 1:1 кој беше и крајниот резултат од регуларниот дел на натпреварот.
Така и финалето отиде во пенал рулет каде на крајот екипата на Техногума славеше и се прогласи за шампион со резултат 3:2.
Влатко Петров 2023 - Шампион екипата на Техногума
Гостилница Грош/Були - освоено второ место