Здружение на граѓани "Влатко Петров"

Здружението на граѓани е за подготовка и организирање на меморијалниот турнир во мал фудбал Влатко Петров, е здружение основано од роднини, другари, пријатели на трагично загинатиот Влатко Петров во воениот конфликт 2001 година, како и негови подржувачи и следбеници.

Влатко Петров е роден на 23 јули 1977 година во штипското село Чардаклија. Се школувал за текстилен работник, но повремено работел и како келнер по кафулињата во Штип. Во крајот на мај 2001 година закажал свадба, но до таа не дојде. Влатко го опишуваат како храбро момче, кое се определи да му служи на својот народ и земја. Веруваше дека на тој начин ќе ја изврши патриотската задача.

Во чест на Влатко, во Штип е поставен споменикот на бранителите. На споменикот ги има сите македонски бранители кои се по потекло од Штип.

Во негова чест веќе 23 години се одржува меморијален турнир во мал фудбал во неговото родно село, каде учество земаат екипи од целата територија на Република Македонија. Турнирот воедно е најголемиот турнир во мал фудбал на територијата на Општина Штип.

Организацијата на турнирот во зависност од околностите кои постојано се менуваат и развиваат, од година во година се повеќе напредува и се развива во врвна фудбалска организација. Нашата мисија е да преку организирање на турнир во чест на нашиот сограганин кој несебично се определи да му служи на својот народ и земја, преку квалитетна организација и фер плеј игра како и добро изведена програмска шема, која веруваме дека во голем дел ќе биде остварена, овој турнир да биде издигнат на нивото кое го заслужува. Секоја година преку организирање на овој меморијален турнир во чест на “Влатко” се трудиме да продолжи сеќавањето кон ликот и делото на Петров.