Почитувани пријатели, љубители на спортот и верни следбеници на ВЛАТКО ПЕТРОВ турнирот.
Ни претставува огромно задоволство да ве информираме дека пријавувањето за годинешното 26-то издание на ВЛАТКО ПЕТРОВ турнирот е официјално #ОТВОРЕНО и истото ќе трае до 11 Јули.
Горди на големата традицијата и водени од мотото "спортот е она што не обединува" ги повикуваме сите заинтересирани екипи, спортисти, рекреативци од секој дел на државата да се пријават и да бидат дел од ретките спортски манифестации од ваков тип кои што сеуште опстојуваат.
Во време кога многу турнири станаа комерцијални и скапи ние останавме на ставот дека спортот и рекреацијата треба да биде достапен за секого и дека секој треба да има можност да си дозволи да игра.
Биди учесник на еден од најстарите турнири во Македонија и стани дел од плејадата на учесници кои продефилирале на теренот што тежи.
Пријавете го вашето учество навреме !
Традицијата продолжува ....Ве очекуваме !
Генерални Покровители 2026


Помагатели на турнирот 2026